Првите Nokia-брендирани мобилни телефони кои работат на Android се очекува да пристигнат на почетокот на следната година. Откако ги објави своите планови да се врати на таблети и телефони во Мај, Nokia обезбеди повеќе детали вчера додека го формализира договорот за лиценца со HMD Global (HMD). Исто така со седиште во Финска, HMD Global е новиот дом на Nokia телефони под лиценцирање на брендот со договор што ќе трае најмалку 10 години.
Nokia вчера лансира нов дел-категорија за телефони на својот сајт, по повод враќањето на Nokia брендирани паметни телефони и таблети, откако Microsoft го уби брендот Nokia во корист на “Lumia” паметни телефони. Првите Nokia паметни телефони со Android ќе бидат достапни во првата половина на 2017 година.
Nokia веќе експериментирале со Android уште пред стекнување договор со Microsoft, а првиот уред на компанијата по тој договор беше iPad мини клон кои работел на Android. Враќањето на Nokia телефони претставува голем чекор, и многу зависи дали ќе успеат со тоа. Останува да чекаме до почетокот на следната година да се види дали сонот на “Android-powered” телефон од Nokia е навистина можност, и дали ќе може да се натпреваруваат со Apple, Google, Samsung, и многу други Android телефони на пазарот.