Најновиот апдејт ја додава новата можност за тајмлепс и ја подобрува перформансата на автоматскиот фокус.
Додека Sony a7 III го поседува еден од најдобри AF системи на пазарот, Sony работи на понатамошни подобрувања. Новата верзијата на фирмверот 3.0 го донесува Real-time Eye-AF.
Новиот AF систем може да го детектира и фокусира човечкото око дури и кога субјектот гледа надолу, делумно е блокиран во фрејмот, се завртува или субјектот е осветлен одзади.
За крај, овој нов софтвер додава вграден тајмлепс, овозможувајќи им на корисниците лесно да снимаат и да создаваат тајмлепс филмови. Новата функција може да се постави секаде помеѓу 1 и 60 секунди, со вкупен број на слики од 1 до 9999. Автоматското следење на експозицијата е достапна и може да се прилагоди на “High”, “Mid” или “Low” за да ги намали промените на експозицијата. Оваа функција е многу корисна во случај кога се менува светлината, на пример изгрејсонце, зајдисонце итн.