Како што ни е познато Canon работи на fingerprint сензори за нивните апарати и објективи,но Nikon очигледно е еден чекор понапред.Тие развиваат биометрички сензори за апаратите и објективите кои ќе ги детектираат биолошките информации како што е вашето расположние додека ја фотографирате фотографијата.
Сензорите,како што казуваат од компанијата би требало да се од двете страни на објективот и еден од предната страна и еден од задната страна на апаратот.Овие сензори ќе примаат инфорамции од вашиот палец и прсти од двете далнки додека фотографирате.
Според моменталното расположение, сензорите можат да детектираат работи како што се срцето, протокот на крв, крвниот притисок, потењето, температурата на телото, па дури и колку јако го држите апаратотNikon вели дека многу пати фотограферите чувствуваат силни емоции кога фотографираат фотографии, но овие чувства понекогаш не можат да се пренесат преку самите фотографии.Гледачите можеби ќе можат повеќе да ги ценат фотографиите, ако биометриските сензори би можеле да додадат слој на длабочина на фотографиите, кога ќе ја знаат состојбата на фотографот во моментот на фотографирањето
Користејќи ги биометриски податоци, апаратот потоа ги користи алгоритмите за да ги интерпретира емоциите на фотографот – може да ги означуваа фотографиите во моменталното чуство.
Но сега за сега не се знае дали сигурно оваа нова технологија на Nikon ќе биде вградена во апаратите и објективите,но да се надеваме дека еден ден на вашите фотографии ќе може да ги гледате вашите емоции.