Компанија Microsoft го претстави својот компјутер дизајниран да се претвори од работната површина во дигитална површината за цртање. Microsoft Surface Studio ќе се прикаже на настанот на Аутодеск Универзитетот во Лас Вегас оваа недела, по неговото лансирање минатиот месец.
Поседува 28-инчен, 13,5 милиони пикселен екран и седи на метални шарки, што овозможува непречено да го навалите од исправена позиција до речиси рамна површина за цртање. “Кога се поставува од Десктоп режим на Студио режим, седи под агол од 20 степени, ист агол како стандард табла за цртање, што го прави идеален за скицирање, пишување и дизајнирање”, велат од компанијата.
Сите лап-топ компјутери и таблети од Surface серијата на Microsoft доаѓаат со дигитално пенкало, слично на Apple Pencil, но Surface Studio овозможува алатката да се користи на многу поголеми размери.
“Сега архитекти можат да ги скицираат нивните идеи со Surface Pen, да ги постават во производство со користење на моќен софтвер за 3D моделирање, како и преглед и одбележување на планови со клиентот, сите во еден уред”, кажаа од Microsoft.
Исто така, доаѓа нов додаток со огромниот екран, наречен Surface Dial(вртливо копче). Цилиндричниот уред може да се користи на масата за да скролате, зумирате и да навигирате со интерфејсот на екранот.
Кога ќе се постави на екранот, тоа носи сет на дигитални алатки специфични за апликацијата што е отворена.На пример, тоа може да прикаже линјар и конструктивни линии за архитектонски цртеж, или опции за различни четки во програми за цртање и рендерирање.
Почетна цена на Microsoft Surface Studio е 2.999 $.