Microsoft планира да овозможи поддршка за искуство со виртуелна реалност за сите Windows 10 компјутери, како дел од “Creators Update” идната година. Додека Oculus “Rift и HTC Vive ги користат нивните сопствени софтвери, Microsoft се обидува да создаде своја VR платформа со Windows Holographic, истата средина која што ја поджува VR-уредот на компанијата HoloLens. Софтверскиот гигант откри дека VR-уредот за Windows 10 ќе почне од $ 299, а сега почнуваат да ги откриваат деталите за компјутерките спецификации потребни за напојување на VR искуството.
Во последните тест верзии на Windows 10, Microsoft сега вклучува апликација “Windows Holographic First Run” со која се тестира машината дали е компатибилна. Минималните барања на Microsoft се прилично основни:
- 4GB of RAM
- USB 3.0 port
- A graphics card with DirectX 12 support
- 4 CPU cores, including dual-core processors with hyperthreading