Стациониран во Калифорнија, буџетски оринтерианиот произведувач на монтори Lilliput неодамна објави еден производ кој може да изгледа како привлечна опција за оние pixel peepers кој бараат монитор за терен со UHD подрашка. И што е уште поважно, Lilliput A10 се рекламира како првиот 10.1″ 4K резолуциски екран кој овозожува HDMI, Displayport, и SDI конекција. Исто така многу итересно е тоа што има и DVI-I порт за да се конектира со компјутер. Уредот исто така може да се пофали со 8-bit IPS екран што има резолуција од 3840 x 2160 со 437 PPI,импресивен 1500:1 контраст рејтинг, но многу скромен 400 cd/m2 светлосен рејтинг. Исто така може да поддржи и 4K 60Hz видео пренос преку неговиот HDMI 2.0 и Display port 1.2.
Истотака Lilliput нуди и други уредни карактеристики како што се quad screen view, false color filters, peaking, image flip, overscan, underscan, screen markers и многу други. Во однос на квалитетот на изградба не може да се очекува многу, но искрено, и не може да се очекува многу од толку ефтин монитор за на терен.
Кога станува збор за цената, ова е можеби највозбудливиот аспект на уредот како што се продава за само 599 долари , што е исклучително конкурентна цена, особено кога ќе се спореди со други 10-инчни (или малку поголеми) монитори во овој сегмент од пазарот кои се ограничени до 1080p резолуција најмногу.
Имајте на ум, дека Lilliput A10 не обезбедува LUT поддршка, и најверојатно нема да биде доволно осветлен под тешки услови на сончева светлина,но сигурно нуди пристојни агли за гледање и доволно резолуција за прецизен фокус и соодветно кадрирање. Алтернативно може да го користите како втор референтен монитор за едитирање или подесување на боја додека се движите користејки кој било од достапните порти.Мониторот може да се напои директно од неговиот DC порт кој подржува 7V-24V DC волтажа,или може да користите различните варијанти на батериски плочки како што се V-mount, Anton Bauer, F970, LP-E6 и други.
Севкупно,со неговата резолуција од 3840 x 2160, 1500:1 контрас рејтинг,повеќе опции за конекција,функции со индустриски стандард и прифатлива цена, Lilliput A10 е најмногу погоден за употреба на тие видео професионалци и оператори со камера кои главно користат 4К опрема и сакаат да имаат целосно искористување на поддржаните функции без да се загрози квалитетот на сликата и резолуцијата. Lilliput A10 доаѓа со 1-годишна гаранција и може да се нарача од овластени дистрибутери вниз целиот свет.