Inspire не беше единствената DJI линија kojа доби освежување на настанот во Лос Анџелес. Phantom линијатa на компанијата, исто така, се освежи, со претставување на Phantom 4 Pro.
Како и Inspire 2, освежениот модел доаѓа со подобрени спецификации како што се: подобрено избегнување пречки, импусли со инфрацрвена светлина кои избегнуваат објекти од двете страни, исто така сега за разлика од првиот Phantom 4 има додадено сензори за препознавање објекти и позади.
4 Pro постигнува максимална брзина од 45 милји на час во спорт мод (и 31 милји на час во Р мод со вклучено избегнување пречки ), заедно со батерија која ветува 30 минути летање со едно полнење. Системот, исто така, има голем број на нови модови на летање како Draw, кои им овозможуваат на корисниците да обележуваат линии за создавање правци.
Системот има вградено ActiveTrack за препознавање објекти, што може да следи луѓе и велосипеди. Камерата поседува сензос со 20 мегапиксели и е способен за снимање на 4K видео во 60fps. Системот исто така доаѓа со нова функција за безбедност што дронот се враќа на последната зачувана локација во случај да изгуби GPS сигнал.
Pro-то започнува со цена од $ 1,499, цена која вклучува стандардна контролер. За уште плус $ 300 добивате high-luminescence верзија од контролерот. Сега е на располагање за резервација и е подготвен да започне со шипирање во една недела.