Во текот на последните шест месеци најголемиот тренд во индустријата со дронови е намалувањето на големината за истите да бидат што повеќе преносливи и достапни. Денеска DJI го претстави својот најнов дрон, the Spark, мини дрон што тежи 2,7кг. Како што направи компнијата со Mavic Про, и овој пат успеа до воведе еден тон моќни карактеристики во овој мал дрон.
Освен понудата на повеќе карактеристки, друга работа е што DJI ја намали цената на понудата. До сега, секој нивни нов дрон кошташе најмалку 1,000$, но Spark ќе чини само 499$, а со тоа конкурира на поевтините дронови од Parrot, Yuneec и ZeroTech.
Дроновите Spark ќе имаат интелигентни контроли како ActiveTrack и TapFly, кои беа достапни во премиум фамилијата на DJI Phantom 4 дронови. Интересно за овој дрон е што можете да ги користите рацете за да му покажете на дронот во која насока да се движи, кога да фотографира или да слета, Jedi стил, или да користите паметен телефон за контролирање до 100 метри. Батеријата трае 16 минути, но во секое време може да ја наполните преку микро USB (како мобилен телефон). DJI ќе го продава и со додатен пакет, кој вклучува центар за полнење, заштитници на перки, дополнителна батерија, далечински управувач, за дополнителни 200$ од цената на дронот..
Камерата на DJI Spark се состои од гимбал со две оски, подржува видео до 1080p видео и 12 мегапикселна фотографија. Новата функција наречена Quickshot овозможува дронот да снима една минута која го едитира на 10 секунди за брзо споделување. DJI Spark има сензори кои ќе одбегнуваат објекти или пречки доколку има пред него, а максималната брзина е 50км на час.
Дронот ќе биде достапен во 5 бои а DJI се очекува да го пушти во продажба на 15-ти јуни
Презентацијата на DJI Spark можете да ја погледнете тука: