Европскиот парламент даде предлог да се воведе универзален полнач за сите смартфони што за американскиот гигант Apple е неприфатливо.
Европските пратеници сметаат дека треба да се воведе еден и единствен модел на полнач со цел да се заштитат потрошувачите.
Преголемата понуда на полначи предизвикува огромни цени за потрошувачите и прави непотребни еколошки последици, велат европратеиниците и повикуваат итно да се усвои овој предлог, затоа европсите пратеници го усвоија предлогот со 582 гласа „за“ од кои 40 гласале против, а 37 воздржани.
Европската Комисија треба во наредните денови да објави студија на оваа тема.
Коментари