Во уште еден обид да се намалат финансиските загуби од неодамнешните Karma дронови, GoPro само најави дека тие сега го нудат Karma Grip рачниот стабилизатор како посебен додаток. Уредот овозможува компатибилност со HERO4 Black и Silver и HERO5 Black камери кои се возбудливи вести за оние сегашните сопственици на GoPro камери, бидејќи тие сега можат да го купат главниот конкурент на DJI Osmo за $ 299,99. Исто така постои и се планира и поддршка за HERO5 Session камери, кои се очекува да бидат достапни во текот на вториот квартал на 2017 година.
За разлика од својот главен конкурент, рачнииот стабилизатор DJI Osmo, Karma Grip не е опремен со камера, но нуди и други слични вградени камера функции како што се, функционалност заклучување при навалување, уклучување и исклучување, камера контролен режими, вклучување и исклучување ,снимање и многу повеќе. Во исто време можете да обележите клучни моменти за време на снимањето со компатибилна GoPro камера со притискање на едно копче.
Покрај тоа, на Karma Grip може да бидат прикачени повеќе GoPro додатоци кои им обезбедуваат на корисниците повеќе опции за снимање без тресење на снимката во движење. Вградената батерија на Karma Grip во исто време ја напојува GoPro камерата и стабилизаторот во исто време, во траење од 1 час и 45 минути на целосно полнење.
За цената од $ 299,99, исто така ќе добиете HERO5 Harness, Karma прстен за монтирање и прикачување на Karma Grip-от на различни GoPro додатоци за носене, USB-C кабел за полнење, лента за на јаже, врзување за околу рака и Karma Grip case, сите со гаранција од 1 година. Исто така постои и Karma Grip продолжен кабел кои се очекува во почетокот на 2017 година, кој ќе им овозможи на корисниците уште попрактична и флексибилна употреба.
Во меѓувреме, за оние од вас кои се љубопитни како се држи Karma Grip против DJI Osmo, еве една брза рамо до рамо споредба направена од страна на TechCrunch.