Еван Оснос, вработен во The New Yorker, му го дал iPad-от на своето 3 годишно момче, кој потоа бил заклучен до 2067 година.
Откако Evan објави фотографија на неговиот твитер акаунт од заклучениот iPad, оваа вест стана вирален хит и може да служи за доказ дека не треба да ги оставаме децата сами со технологија, велат од CNN.
Uh, this looks fake but, alas, it’s our iPad today after 3-year-old tried (repeatedly) to unlock. Ideas? pic.twitter.com/5i7ZBxx9rW
— Evan Osnos (@eosnos) April 6, 2019
На неговиот екран пишува дека може да се обиде повторно за 25,536,442 минути, односно за повеќе од 48 години. За жал iPad-от на Еван ќе биде заклучен некаде до 2067 година.
Што вели Apple за ова?
Од Apple дадоа предлог дека би можел да го обнови неговиот таблет за да би можел да го користи повторно, но ќе ги изгуби сите податоци на уредот ако никогаш досега не направил Backup на истите.
Подоцна во понеделникот Еван објави дека тој успеал да го среди неговиот уред и сега е во процес на обновување.