Мика Канаја, главен продуцент во NHK (Јапонска Тв Куќа), на горенаведеното видео зборува за водењето и за стартувањето на првиот светски 8K канал. Од предизвици до успеси, слушнете како се добива овој емитувачки чекор и зошто 8K е тука.
Она што е интересно е дека инженерите на NHK работат на 8K канал од 1995 година!
Мика, исто така, зборува за тешкотиите поврзани со справување со 8K материјалот и дека тие се многу возбудени околу напредокот на 8K технологијата.
Јапонскиот радиодифузер NHK емитува 8К од декември минатата година. NHK колективно препорачува 4K/8K како “Супер Hi-визија”, а со Олимписките игри во Токио 2020 и Параолимписките игри кои не се премногу далеку, се очекува голем чекор во транзицијата за гледачите во она што го нарекува радиодифузерот “Нова ера на полн супер висок
квалитет”.
8K NHK (што е всушност 7680 x 4320) емитувањата се достапни секојдневно на посебен канал помеѓу часовите од 10:00 до 22:00 часот. Квалитетот на сликата на емитувањата ќе биде 16 x поголем од оној на HD, а аудио ќе биде доставено во 22.2 мулти канални. NHK емитува 8K во рамки од 59,94, 60 и 120P.
Во моментов, NHK има многу ограничен број на програми во 8K кои тие ги емитуваат. Овие програми се прикажуваат повеќе пати во текот на еден ден.
За да можете да гледате 8K, не само што треба да имате телевизор со капацитет од 8k, туку и посебна сателитска антена за да ги примите преносите. NHK, исто така, вели дека гледачите ќе треба да ја заменат опремата за прием, како што се бустерите и дистрибутивните кутии. Во моментов во Јапонија за да гледате 4K материјал, потребена ви е само декодер кутија (околу $ 800 – $ 1000 американски долари). 4K и 8K емитувањето на NHK е направено со БС и сателитско емитување од 110 ° CS. Во моментов, NHK нема конкретни планови за 4K / 8K емитување преку земјено дигитално емитување т.е. антени на земја. Ова значи дека значителна инвестиција од страна на потрошувачот ќе биде потребна ако сакаат да гледа материјал од 8K.
Пред само четири години NHK успешно спроведе тест за пренос на слика од 8K, користејќи најголема кабловска телевизија во државата. Во истата година, 2014, тие покажаа материјал снимен со 8K Super Hi-Vision камера со фреквенција од 120Hz.
Ќе мислите дека повеќето луѓе во Јапонија гледаат 4K емитувања или барем поседуваат телевизор со можност за 4K, но тоа не би можело да биде подалеку од вистината. Повеќето јапонци се уште гледаат HD емитувања на HD телевизори. Доволно е чудно што NHK сега врши притисок за 8K, иако сеуште можете да гледате многу ограничени содржини во 4K на нивните канали.
8K телевизорите се далеку и малку, а моделите како што е 70 “SHARP LC-70X500 се продаваат по цена од 5705$ во Јапонија. Најевтиниот 8K телевизор во моментов што може да се купи во Јапонија е 60 “SHARP 8T-C60AW1 која продава по цена од 4395$.
8К се наметнува тешко
Минатата недела во Лас Вегас беше преставена 8К камера која ќе може да си ја дозволи скоро секој.
Јапонската влада веќе врши притисок за воведување на 8K, а во Јапонија има веќе компании кои прават пренос на 8K преку IP емитувања користејќи 5G технологија.
Дали ни се допаѓа или не, доаѓа 8K. Колку долго тоа всушност ќе трае имплементацијата на 8K содржина во иднина ќе оставиме да покаже времето.
Matthew Allard/newsshooter.com
4к.мк