После пет години од осамостојувањето на апликацијата Месенџер, таа повторно се враќа во рамките на Фејсбук.
Оваа нова функција ја приметија повеќе луѓе ширум светот меѓу кои и Jane Manchun Wong и објави на својот твитер профил за оваа новост.
Facebook is bringing the Chats back to the app for preparing integrated messaging
Tip @Techmeme pic.twitter.com/LABK7qrk0e
— Jane Manchun Wong (@wongmjane) April 12, 2019
Промената веќе се тестира на некои профили низ светот, кои се и извор на оваа вест. Сеуште не се знае кога ќе се случи оваа промена, односно вградувањето на Месенџер во Фејсбук, но ова не е нешто што е извесно. До пораките ќе се пристапува преку добро познатото копче, но нема да се отвора нова апликација, туку корисниците ќе се допишуваат преку истата апликација Фејсбук.