Sigma ги претстави нивните први Cine-објективи на овогодишното IBC 2016 шоу во Амстердам. Претежно познати по своите буџет објективи со одличен квалитет на слика од нивната Art серија на Prime и Zoom објективи, новите High-Speed Cine zoom Т2 18-35mm и 50-100mm Т2 Cine зум-објективи. Наменети за покривање Super35 сензори и се базирани на нивната реномирана Art серија оптики, и ќе бидат први од нивните Cine-објективи достапни во почетокот на Декември за околу $ 3.999 долари од објектив. Имајте на ум, дека Sigma исто така, најави 24-35mm T2.2 Full-Frame Cine зум, кој не опфаќа full-frame 35мм сензори.
Повеќето од вас може се запознаени со колегите на овие објективи – Одличните 18-35mm F1.8 Art и 50-100mm F1.8 Art зум, кој го делат истиот оптички дизајн со своите Cine колеги, но во однос на квалитетната изработка, и Cine дизајнот се разбира, High Speed Cine зум-објективите имаат превласт, па затоа тие чинат 4,000$. Но во споредба со другите Cine зумови на пазарот (како што се Angenieux на пример, чија најнова понуда на EZ-1 30-90mm PL е $ 10K +), 4,000$ е евтинo, но квалитетот на сликата на овие објективи како што се гледа во новиот краток филм “Blur” зборува за себе.
Краткиот филм подолу е снимен на ARRI Amira и Т2 Sigma 18-35mm и 50-100mm Т2 High-speed зум објективите.
Проверете го BTS(behind the scenes) видеото подолу, во кое има интервјуа со клучни членови на екипажот кои се вклучени во филмот.
Sigma High-Speed Zooms Карактеристики
Без сомнение, овие нови Cine-зум објективи од Sigma ќе го најдат својот пат кон многу, многу реклами, музички спотови, наративни драми и документарни филмови. Нивната цена и докажан квалитет на слика, без сомнение е доволно за да примами голем број на RED Epic/RED-W или сопственици на RED Raven да ги додадат во својата колекција.
Оние кои сакаат да дознаат повеќе за техничките аспекти на Cine-објективите на Sigma проверете ја оваа одлична сесија со експерт за кино леќи, Matthew Duclos од Duclos леќи.