Новиот Самсунг Галакси С8 има паметен сјај светлина на прстенот околу објективот на главната задна двојна камера. Исто така и своја глас асистентка. Snapdragon 830 процесор од фирмата Qualcomm, и дисплејот се очекува да биде голем и рабовите заоблени.
Најдобро информираниот прислушкувач Evan Blass го потврди уште еднаш датумот на кој новиот Samsung Galaxy S8 I S8+ ќе биде прикажан. Тоа значи Среда, 29.Март.2017, а во продажба во Европа на 21.Април.2017. Исто така стави слика на Твитер кои го прикажува новиот Samsung.
Samsung Galaxy S8+ на рабовите поседува Quad HD+ Super Amoled Дисплеј на допир, која големина е меѓу 5.7 и 6.2 инчи. Главната камера би била 12 мега пиксели а предната камера 8 мега пиксели. Исто така ќе биде водоотпорен и отпорен на прашина. Безжично полнење, ама полначот ќе мора посебно да се купи.
Самсунг вгради во телефонот Iriscanner кој ги скенира вашите очи во светло или темно за отклучување на мобилниот и ред други работи како и логирање во Playstore и.т.н. За сигурност има и кнокс кој ви ги заштитува вашите документи, Самсунг плаќање Samsung Pay е исто така вграден, моментално функционира само во соединетите држави и во некои европски земји.
Самсунг ќе има подобар капацитет на батеријата.
- 3.000 mAh (5,8 инч)
- 3.500 mAh (6,2 инч)
Самсунг се надеваат дека оваа година нема да имаат сериозни проблеми со батериите како и на претходниот Samsung Note7 во 2016 година.
- 4GB рам меморија, а би можело да биде и до 8GB
- 64GB внатрешна меморија која може да се прошири со MicroSD картичка до 256GB
- USB-C / ќе биде новиот штек за слушалки и ред други работи како и штек за полнење, тоа значи нема да е возможно старите полначи да се користат.
Galaxy S8, 5.8 инчи ќе изнесува – 799 евра
Galaxy S8+, 6.2 инчи – 899 евра
credits: Evan Blass