Новите модели на Nokia кои беа претставени на CES 2017 за жал доаѓаат единствено под брендот Nokia, но нема да бидат произведени од овој фински производител. Правата за брендот Nokia ги има друга финска компанија HMD. Тоа секако не значи дека телефоните се лоши, но секако претходното искуство со Nokia не е гарант како претходно.
Nokia 6 моделот доаѓа со:
- 5,5-инчен 1080p дисплеј
- Qualcomm Snapdragon™ 430 процесор
- 16 мегапиксели задна / главна камера
- 4GB RAM
- 64 GB флеш диск
- Android 7.0
Ова покажува дека новиот модел на Nokia телефон нема да биде основен модел. Цената на уредот е околу 250 американски долари, што сега е вообичаена цена за телефоните од средната класа.
Своите фанови компанијата ги стекна во периодот пред да се појави iPhone и пред Samsung. Nokia долго време ги имаа најпродаваните, но и најиздржливите телефони. Поради својата издржливост и квалитетот на телефоните Nokia се стекна со доверба кај купувачите. За жал оваа доверба не можеше да помогне кога компанијата правеше ужасни избори на оперативните системи.