Најновиот производ на Canon ги воодушеви своите корисници со уште една нова фулфрејм камера.
„Некои моменти минуваат додека да трепнете: атлетичар кој минува преку линијата или орел што извлекува риба од водата. Во вакви ситуации нема простор за грешка. Дел од секундата порано или покасно и ќе го пропуштите моментот – момент што може никогаш да не се повтори. Токму поради овие причини го создадовме EOS-1D X Mark III од Canon“ – велат од Canon.
Континуирано фотографирање до 20 fps
EOS-1D X Mark III може да фотографира најмногу 20 целосни слики со 20,1 мегапиксели во секунда при фотографирање во режимот за прегледување во живо, користејќи ја својата механичка бленда за реално доловување на движењата или својата електронска бленда за потполно бесшумно фотографирање.
Кога го користите оптичкиот визир на фотоапаратот, брзината за континуирано фотографирање е 16 fps што е извонредно достигнување за DSLR-фотоапарат и овозможено благодарение на професионалното искуство во механичко инженерство на Canon. За движење на рефлексното огледало нагоре и надолу се користат мотори за директен погон што го враќаат во неговата првична положба брзо, прецизно и со минимални „вибрации на огледалото“.
Користи 2 отвора за CFexpress – картички
Оваа камера користи CFexpress-картички – нова генерација на мемориски уреди за складирање од Compact Flash Association. Овие картички нудат значително поголеми брзини на запишување, овозможувајќи фотографирање на неверојатни 1000 слики во форматот RAW и JPEG со брзина до 20 fps без доцнење, како и внатрешно снимање на 5,5K-видео во Raw-формат.
Покрај горенаведените перформанси на овој “beast”, може да се каже дека во моментов е една од најиздржливите камери во светот што би ги издржала дури и најекстремните ситуации, почнувајќи од удари и гребнатини па сè до ладни температури и дожд.
Прочитајте повеќе за оваа камера ТУКА!
Извор: Canon.com.mk