Искрено, јас не сум сосема сигурен за што тип на апликации овој геџет може да се користи, и покрај примарната цел за сликање на автопортрети-селфиња и снимање кратки HD видео снимки. Но, доволно интересно е што, само по една недела од почетокот на проектот од кога беше лансиран на kickstarter, тој успеал да собере над 300.000 евра и досега достигна неверојатна бројка од 1.000 поддржувачи во седум дена. По две години во развој и (очигледно) веќе успешно финансирана Kickstarter кампања, конечната верзија на најмалиот ултра-пренослив дрон за сликање и снимање во светот се чини дека е целосно завршен и е подготвен за продажба. Значи, пред да истражувам во техничките спецификации, ајде да видиме за што овој мал летачки уред е способен во реални ситуации.
Веројатно, најпривлечна функција и најголемата предност на AirSelfie во споредба со други достапни дронови е неговата леснотија на користење. Во суштина, корисниците едноставно треба да го извадат дронот од својата футрола и да се вклучи од iOS или Android телефон со користење на апликацијата AirSelfie. Уредот се поврзува автоматски со паметен телефон преку WiFi и станува веднаш подготвен за полетување.
AirSelfie обезбедува три различни режими на лет (Selfie, Selfie Motion Control, и Летечкиот режим) овозможувајќи ви да изберете еден во зависност од состојбата на снимањето. Сè на сè, оваа единица е толку едноставна за употреба што вие буквално може да го репозиционирате со рака, без ризик за повреда на себе или други луѓе. Откако ќе заврши снимањето, можете веднаш да ги симнете снимките на вашиот мобилен уред и да ги споделите на социјалните медиуми.
Исто така, ултра-преносливиот дрон поседува екстремно лесно алуминиумско тело со четири пропелери во заштитен кафез, / Барометар / Геомагнетен сензор, сензор за надморска височина и стабилизација на камера, 2,4 GHz Wifi функционалност, со вградена 4GB Micro SD картичка и 5MP камера на предната страна.
AirSelfie исто така е опремен со 7.4V 240mAh вградена батерија која, разочарувачки, обезбедува само три минути од летот. Батеријата се полни за околу 30 минути со ставање на дронот во вид на футрола за полнење(или преносна батерија) на паметен телефон која исто така лесно се вклопува во вашиот џеб.
AirSelfie Карактеристики
- 5MP camera that also records HD video
- Four propellers caged in safety guards
- Gyro/Barometer/Geomagnetic sensor
- Altitude Sonar & Stability Camera
- 4GHz Wi-Fi
- Flight Range: 20m/66ft
- AirSelfie app, downloadable for both iOS and Android
- Three minutes flying power per charge
- A maximum of eight consecutive photos can be taken at one time, saving to a 4GB microSD card
- Size: 3.72 x 2.65 x 0.42in
- Weight: 52g
- Availability: March 2017
- Цена: $249
Алтернативно, AirSelfie исто така може да се полни директно со кабел преку вградениот микро USB порт. Преносната батерија ќе биде достапна како самостоен производ за $ 69 или како дел од пакетот на AirSelfie за $ 249. Првите 3.000 резервирани единици ќе бидат доставени во Март 2017 година, додека останатите, вклучувајќи пакет со преносната батерија, треба да бидат доставени во Април 2017. Ако сте заинтересирани и сакате да дознаете повеќе за проектот и неговите творци, отворете ја официјалната Kickstarter страна на Airselfie.