Во 2010 година, пазарот на беспилотни летала експлодира со лансирањето на првиот дрон, Parrot AR.drone. Но, сега постојат стотици беспилотни летала и камера системи од кој да изберете, и тоа е безбедно, лесно и се достапни по релативно ниска цена за да правите воздушни фотографии.
Сакате дрон што нуди сигурен избор од страна на фотографија и не бара многу комплексно учење. Оваа листа вклучува она што јас верувам се најбезбедни, со највисок квалитет дронови кои се подготвени да летаат со минимум обука. И по две пожелно безбедносни карактеристики: за враќање на дома и авто-слетување. Подолу можете да ги видите најдобрите дроновите поделени во неколку категории: дронови за хобисти, напредни дронови и професионални дронови.
Дронови за хобисти:
Blade Chroma
GoPro сопственици може да го разгледаат Chroma со 3-оскин Brushless gimbal. Стабилизаторот обезбедува стабилно видео и е дизајниран лесно да се постави GoPro камера на него.
horizonhobby.com | Цена: $ 499 (не вклучува GoPro камера) | Време на летање: 30 минути | Контролен уред: Екран на допир што користи интерфејс со Андроид за да се прикаже во живо видео и информации во реално време, и покрај тоа што не ja контролира камерата.
DJI Phantom 3 Standard
DJI Phantom 3 Standard нуди највисок квалитет за цената и снимање стабилни 2.7K видеа и 12-мегапикселни фотографии. Можете да го програмирате правецот кои му овозможува на дронот да лета самостојно.
dji.com | Цена: $ 499 | Време на летање: 25 минути | Контролен уред: Dji Go app за Android или iOS нуди 720p HD видео пренос во реално време преку Wi-Fi.
Autel Robotics X-Star
X-Star е опремен со 4K Ultra HD камера која слика 12-мегапикселни фотографии во перспектива, со широк агол. Три-оскин отстранлив gimbal обезбедува стабилна видео снимка. Безбедносни карактеристики како што се контрола на брзината и гео-ограда за ограничување на дистанца на летање се идеални за почетници.
autelrobotics.com Цена: $ 699 | Време на летање: 25 минути | Контролен уред: Starlink App за Android или iOS овозможува на корисниците да ги прилагодат поставките на дронот и камерата и да гледате во живо HD видео.
Напредни дронови:
Yuneec Typhoon H
Ултразвучно избегнување на судир помага овој дрон да се издвојува. Летајте го Typhoon H со полна гас кон некоја пречка, и интелигентни сонар сензори напред веднаш ќе го сопрат дронот пред пречката за да не дојде до судир. Камерата се врти 360 степени, благодарение на преклопувачките ногарки, кои истовремено го прават дронот полесен за транспорт. Модови на лет како Orbit me и Curve Cable Cam ја носат видеографијата на следното ниво.
yuneec.com | Цена: $ 1.299 | Време на летање: 25 минути | Контролен уред: Android-powered ground station со пренос на видео во HD 720p.
DJI Phantom 4
Phantom 4 е речиси најсигурен дрон. Два свртени нанапред оптички сензори ги скенираат пречките и автоматски го насочуваат дронот околу објектот ако е можно. Редизајниран gimbal обезбедува стабилност, намалени вибрации, и намален ризик од пропелерите да се гледаат на екранот.
dji.com | Цена: $ 1.399 | Време на летање: 28 минути | Контролен уред: Компатибилност со Android и iOS за да работат со дронот и камера преку DJI Go app.
Професионални дронови:
Yuneec Tornado H920
Карбонскиот Tornado H920 е оптимизиран за летање на Panasonic GH4 камера. Снима 4K видео со не нарушување на слика со оптички зум 3X. Лесната CG04 gimbal камера овозможува подолго време на летање за разлика од традиционалните DSLR камери. Шестте ротори обезбедуваат дополнителна безбедност.
yuneec.com | Цена: $ 3.499 (камера не е вклучена) Време на летање: 24 минути | Контролен уред: Android-powered ground station with 5.8GHz video downlink included.
DJI Inspire 1 Raw
DJI Inspire 1 RAW носи micro four-thirds Zenmuse X5R камера. Камерата поддржува заменливи објективи и доаѓа со 15mm f / 1.7 ASPH објективот на DJI. Сензорот е осум пати поголем од претходниот сензор на Zenmuse X3, дозволувајќи 4K Ultra HD и подобрени перформанси при слаба осветленост.
dji.com | Цена: $ 5.399 | Време на летање: 15 минути | Контролен уред: Компатибилност со Android и iOS за да работат со дронот и камера преку DJI Go app.
Freefly Alta 6
Freefly Alta 6 е идеално решение за фотографи кои бараат дронот да може да носи RED, ARRI, или други професионални камери. Тој е способен за ракување со носивост до 7кг. и може да се постави за помалку од пет минути.
freeflysystems.com | Цена: $ 11.995 | Време на летање: до 45 минути, зависно од товарот | Контролен уред: Контролер не е вклучен.